Пешевски: СДСМ ветува нереални проекти

Од:

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски понудените проекти во предизборната кампања на СДСМ и Коалицијата „Сојуз за иднина“ ги оценува како нереални и ирационални.

Иако веќе сме длабоко завлезени во процесот на предизборната кампања, СДСМ се уште нема излезено со конкретна програма за локалните избори. Од она што можеме да го видиме во некои општини излегуваат со некакви предлог проекти, кои во голема мера се нереални, ирационални, подготвени набрзина и на еден начин претставуваат дури и потценување на гласачкото тело, рече Пешевски на денешната партиска прес-конференција.

Како особено нереален го истакна проектот за изградба на нови 500 микроакумулации на територијата на општина Прилеп што е понуден од кандидатот за градоначалник од СДСМ Хари Локвенец.

Да се даде едно вакво ветување е апсолутно нереално и крајно потценувачки за граѓаните. Експертите од областа на водоснабдувањето и енергетиката, никогаш не предвиделе за овој регион изградба на 500 миркоакумулации. Според стручните мислења на територијата на општина Прилеп, максимум што може да се направат се 14 брани за мали акумулации според хидро потенцијалот на регионот, појасни Пешевски.

Без да се објасни, нагласи, кој ќе гради, во каква постапка, под кои услови и со која тендерска документација, кој ќе ги изработува основните проекти, кој ќе го врши градењето, кој ќе ги одржува овие акумулации, со колкав и чиј буџет ќе се направи, навистина претставува несериозна понуда.

Проектот за изградба на 500 брани би чинел најмалку 150 милиони евра, што преставува седум и пол годишни буџети на општината Прилеп, истакна Пешевски.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“