Пешевски на „Фејсбук“: Жалам за денешниот тек на настаните

Од:

„Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и крајно негативното искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна“, стои во реакцијата на вицепремиерот Владимир Пешевски, објавена на неговиот фејсбук-профил, за денешениот инцидент со сопственикот на порталот „Мактел“.

„Во врска со денешниот настан би сакал да дадам свое гледање на нештата. Најпрвин би сакал да искажам жалење за денешниот тек на настаните. Агресивноста никогаш не била својствена за мојот карактер, ниту пак сметам дека таа може да биде решение за проблемите“, вели Пешевски на „Фејсбук“.

Тој вели дека ова бил трет настан поврзан со Ивановски. Првиот, според Пешевски се случил во Битола, каде тој бил со сопругата и децата, а Ивановски го провоцирал.

„Тогаш го затворив прозорот и го напуштив местото, не сакајќи пред децата да правам инцидент. Вториот пат беше настанот во Александар Палас, каде на официјален настан и покрај тоа што Ивановски можеше да поставува прашања на самиот настан, тој одбра да оди со провокации по завршување на настанот. Третиот настан беше денешниот, каде бев целосно приватно, без обезбедување, на пауза за ручек прво со членови на семејството, а потоа се приклучија и некои мои пријатели. Пред да се случи самиот инцидент со Ивановски, имаше провокации кон мојата маса од соседна маса од други лица, на кои немав никаква реакција. Очигледно е дека истите лица од соседната маса кои провоцираа и дофрлаа навреди на мое лично ниво, а кои потоа и го снимаа настанот, го повикаа Ивановски да дојде и да ја направи својата веќе стандардна провокација. Кога се појави Ивановски, и јас решив да си одам, знаејќи дека се работи за лице кое се поврзува со голем број на инциденти, со нестабилно однесување, и лице кое и претходно има направено инвазија на мојот личен простор. Потоа, кога ми се приближи од зад грб, реагирав одбранбено и инстиктивно. Мојата реакција беше пресилна и преемотивна, но при тоа сепак немаше никаков физички контакт меѓу мене и Ивановски, што може да се види ако внимателно се погледне снимката“, вели Пешевски.

Инаку, од СДСМ и од „Новинарскиот пленум“, преку соопштенија денеска побараа одговорност и оставка од вицепремиерот Пешевски поради инцидентот.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Саше Политико: Власта стана насилна, барам заштита од САД и ЕУ

Ана Ололовска

Граѓански организации: Власта создава атмосфера на линч!

Ана Ололовска

ОМ: Неотповиклива оставка на Пешевски

Ана Ололовска

Советот за етика во медиумите: Пешевски да си поднесе оставка

Ана Ололовска

ЦРМ: Пешевски итно да поднесе неотповиклива оставка!

Ана Ололовска

ЗНМ бара оставка на Пешевски

Ана Ололовска