Пешак и возач на мотор тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица од кои еден пешак и еден возач на мотор се тешко повредени во две сообраќајки што се случиле на подрачјето на Град Скопје во изминатите 24 часа.

Според билтенот на СВР Скопје, во изминатото деноноќие се случиле вкупно 12 сообраќајки во кои со лесни повреди се здобиле четири лица, а во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Дваесет и двајца возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи кои биле под дејство на алкохол, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.

Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни возила и 13 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција има издадено 60 казни за непрописно паркирање, а 50 возила биле подигнати со специјалното возило „пајак“.

На црвено светло на крстосница поминале пет возачи.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски