Периодични прекини на сообраќајот на мостот на Пчиња во Катланово

Од:

Поради изведување специфични работи на мостот над реката Пчиња во Катланово денеска ќе има периодични прекини во сообраќајот, соопшти АМСМ.

Како што се наведува во соопштението, ИРД Инженеринг известува дека поради изведување на специфични работи на мостот А1-41Л (мост над реката Пчиња во Катланово) на стационажа 43+151, денеска почнувајки во 06:00 часот, ќе има периодични прекини во сообраќајот во интервали не подолги од 10 минути.

Прекините ќе се одвиваат во присуство на сообраќајната полиција, со соодветна сигнализација.

Сообраќајот, пак, на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска