Период на облачно и дождливо време

Од:

Времето денеска претпладне е претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот.

Би можело да ве интересира

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени