Перформанс „СВИРИ КРАЈ!“, Регионална антикорупциска иницијатива

Од:

Денеска, од 9 часот наутро, па во следните 24 часа, на Плоштад „Македонија“ во Скопје, граѓаните ќе можат симболично да ја запрат корупцијата и понатамошното уништување на нивните пари, преку притискање на копче „СВИРИ КРАЈ!“.

Симболичниот перформанс „СВИРИ КРАЈ!“ е дел од едукативната и информативна кампања на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), која се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамки на проектот „Прекини ја тишината: Зајакнување на политиките и културата на пријавување на корупцијата од страна на укажувачите во Западен Балкан и Молдавија“.

Во транспарентната кутија на плоштадот во Скопје, маскирано лице симболично ќе уништува лажни банкноти, симболизирајќи ја корупцијата, преку која државата и нејзините граѓани секојдневно губат огромни суми пари. Со притискање на копчето „СВИРИ КРАЈ!“, граѓаните што ќе се приклучат во оваа акција даваат поддршка на борбата против корупцијата, симболично прекинувајќи го уништувањето на јавните пари кои би можеле да бидат искористени за унапредување на целокупниот живот во заедницата, што е во интерес на сите. Перформансот покажува дека секој поединец може да го прекине синџирот на корупцијата.

Регионалната антикорупциска иницијатива е меѓународна организација што обединува 9 земји од регионот околу заедничка цел – борба против корупцијата. Во рамките на овој проект, РАИ се фокусира на зајакнување на законодавната и институционалната заштита на укажувачите во земјите од регионот, во согласност со Директивата на ЕУ за нивна заштита, која стапи во сила во 2019 година.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи