ПЕП 21: Власта повторно со полициски акции ја дефокусира јавноста

Од:

Активностите за „Туѓиот имот” како што го нарекува МВР, а против невладините Паркобрани, е најнова епизода на власта со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од главните проблеми во Република Македонија, односно да се фрли во сенка Владиниот неуспех на економските и социјален план, а воедно да не се коментира спорот со Грција кој тивко мина низ државните институции скриен со Косовското ембарго.

Ако на ова се додаде и однесувањето на опозицијата особено начинот на кој таа ги артикулира своите политички ставови, ПЕП 21 чувствува дека во нашето општество, во нашата парламентарна демократија постои сериозна политичка криза на партискиот идентитет.

Ова особено е карактеристично за однесувањето на градоначалникот на Општина Центар ,кој само на почетокот од стапувањето на функцијата правеше политичка врева, која со времето власта ја омекна, ја стопи со свои методи.

ПЕП 21 посочува дека и власта ги научи лекциите од своите поранешни полициски акции каде демонстрираше сила, но сега полицијата ја користи само во ноќните часови, време кога сите спијат, особено активистите на градоначалникот на Општина Центар.

ПЕП 21 смета дека е крајно време да се поведе сериозна политичка дискусија и да се утврди дали сево ова води кон државничка и политичка апатија.

Можеби оваа атмосфера најмногу му одговара на оној кој ја има фотељата во свои раце без разлика што мислат и чувствуваат граѓаните.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on