Пензионерите, социјалците, земјоделците и денеска побараа од СДСМ да го деблокира донесувањето на буџетот

Од:

СДСМ да ги повлече квази амандманите и да овозможи донесување на Буџетот за 2013 година, бараат пензионерите, стечајците, социјалните случаи и земјоделците. Ако тоа не се случи, предупредуваат, ќе ги блокираат главните патишта кон излезот на државата.

Тие денеска, со мирен протест пред Собранието, го изразија својот револт против, како што рекоа, однесувањето на најголемата опозицискаа партија.

– Реално е опозицијата да поднесе пет или 10 амандмани, но не и 2.000. Тоа покажува дека работи тенденциозно, против државата, изјави Миле Петревски, корисник на социјална помош  од Скопје.

Никој од пратениците, посочија револтираните граѓани, не може да живее со 6.000 денари месечно. – Ова што го прави СДСМ е срамно. Сепак, треба да знае дека народот што ги гласаше, веќе нема да им даде ништо, изјави Златка Николиќ, корисник на социјална помош од Скопје.

Според Босилка Ризовска, пензионер, со недозволувањето да се донесе Буџетот, СДСМ им нанесува голема неправда на пезнионерите и сите останати категории граѓани, земјоделците, социјалците,…, го обесправува воопшто целиот македонски народ.

– Ова ги преминува сите граници, сите црвени линии. Крајно време е Црвенковски да види дека со кочењето на Буџетот ја разнебитува државата. Немирите во Собранието, вандалските вербални и физички напади се реакции на резултатите од ИРИ за рејтингот на СДСМ кој се покажа дека е катастрофален, истакна Ризовска.

Пензионерите од општина Бутел порачаа да престанат политичките препукувања, а СДСМ да ги тргне рацете од пензиите печалени со мака и труд цел живот.

– Ако СДСМ продолжи да го блокира донесувањето на Буџетот, ќе останеме без пензија за која цел живот сме работеле. Не можеме да живееме во страв дали ќе си го добиеме она што ни следува само зашто на Црвенковски, СДСМ или кој било друг му текнало да блокира пензии. СДСМ сака да не остави без пензија сега, кога ВМРО-ДПМНЕ сака да ни ја покачи. Затоа, на Бранко Црвенковски му порачуваме дека е доста, ние пензионерите не сме мета за поткусурување, а во Македонија не има 280.000, реагираа пензионерите.

Тие се пожалија дека „Црвенковски ја држи Македонија под опсада преку 20 години“ и напомена дека веќе воопшто немаат доверба во СДСМ. Целта на оваа партија била, како што нагласија, само да дојде на власт, а за време на мандатот и потоа не ги интересира ништо.

– Живеам со 3.200 денари социјална помош. Не сум ниту за ВМРО-ДМНЕ, ниту за СДСМ. Најважно ми е семејството да има леб, да има што да јаде, а оваа Влада предвоена од премиерот Никола Груевски мисли на сиромашниот народ. Секоја година им овозможува на пензионерите бањско лекување, додека на децата на социјалните случаи престој летен одмор и зимување, рече Димче Крстев, социјалец од Бутел.

„Од пензиите ги храниме нашите деца“ и „Не сте платени да се тепате по Собрание“ беа само некои од транспарентите на протестантите.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6