Стотина пензионери го посетија новиот театар

Од:

Стотина пензионери  од Скопје денеска го посетија новиот театар, ги прошетаа просториите со водич  од кој слушаа за неговата изградба, за сцената, за значењето на орнаментите со кои богато се украсени таванот, ложите и балконите. Гостите денеска можеа и да ја видат новопоставената свечена завеса на која е насликан стариот театар што постоел до 1963.

На посетата присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и уметничкиот директор на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски. Членовите на Сојузот на пензионерите на Македонија и нивниот претседател Драги Аргировски се задоволни што повторно имаат ракошен театар што ќе стои на местото на стариот покрај Вардар, на кој со носталгија се сеќаваат.

– Импресиите се многу големи. Ова е нешто невидено на овие простори и мислам дека ќе биде врежано кај секој посетител, посебно кај нас постарите, зашто го знаевме стариот театар. Сега ова е нешто поново, многу поубаво и многу поперспективно, со повеќе сали, седишта. И  благодариме на министерката за култура што ни излезе во пресрет да го посетиме овој објект бидејќи кај мене доаѓаа многу пензионери што сакаа да го видат и сега сите се одушевени. Соработката што Сојузот ја има со министерствата за култура и за труд и социјална политика е во интерес на 288.000 пензионери во Македонија, од кои 250.000 се наши членови, и таа треба да биде пример, истакна Аргировски.

Претседателот на Сојузот додаде и дека пензионерите редовно ќе ги следат претставите во театарот, кои за нив со одлука на Владата на РМ се 50 отсто поевтини.

Канческа-Милевска рече дека вратите на театарот се отворени за сите граѓани кои сакаат да го видат. Освен во понеделник, секој ден има четири термини за посети со водичи – во 11, 13, 15 и во 18 часот.

– Од отворањето на театарот посетеноста е огромна, што може да се види од Книгата на впечатоци, во која има прекрасни зборови за се што може да се почувствува и да се види во театарот. Се надевам дека присутноста ќе биде уште поголема во наредниот период, истакна министерката за култура.

Објектот му беше свечено предаден на Македонскиот народен театар во мај, а во септември тој ќе почне да работи со премиерата на претставата „Вечна куќа“. Датумот на премиерата не е прецизиран зашто се уште се врши примопредавање на сценската технологија која е сложена и секој елемент посебно се атестира.

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија