Граѓаните од ова населено место знаат да изберат, да го поддржат напредокот и концептот за заедништво, рече вечерва Пендаровски пред жителите на Арачиново.
„Јас нудам заедништво, напредок, интеграција и членство во НАТО и ЕУ. Со приклучувањето кон ЕУ, НАТО, се отвораат нови перспективи за подобар живот за сите. До сега видовте што нудам јас а што нудат другите. Јас мислам дека не нудат ништо освен враќање назад. Разликата е како небо и земја, како црно и бело. Заедно напред е слоганот на мојата кампања. Во тие два збора е содржрано и она во што верувам, дека заедно можеме и треба да одиме напред, дека напредокот започна и враќање назад нема. “, рече Пендаровски.
Тој побара сите граѓани заедно, сплотени да продолжат по патот по кој тргна Северна Македонија. На 21ви април да го избереме концептот за напредок, да го избереме број 3, да не дозволиме никој да не враќа назад, да продолжиме напред, заедно напред!