Пендаровски со став за оценката на Венецијанска откако таа ќе биде целосна и официјална

Од:

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска одоварајќи на новинарско прашање во врска со драфт верзијата на Венецијанска комисија за Законот за јазциите истакна дека тој уште во кампањата за претседателските избори ја потенцирал потребата од подигнување на нивото на употребата на албанскиот јазик во земјава.

-Тоа не е тајна, јас сум го кажувал многу пати. Во однос на конкретното прашање мораме да внимаваме. Значи, станува збор за драфт, за нацрт на документ кој е пробиен претпоставувам од нечии лични или политички причини предвреме. Да почекаме да биде официјално објавен и јас би сакал да видам дали тоа што една или две странички беше објавено, а документот има многу повеќе страници дали ќе остане со истите формулации до крај, рече Пендаровски.

Истакна дека тој за ова ќе се произнесе како една од институциите во државата откако ќе има конечна и официјална верзија на документот.

-Не би сакал да се произнесувам на едно парче од документот кое е пробиено и тоа парче, тој дел, таа страница и пол до две е од драфт, значи дел од начелна верзија, не е финална верзија.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски