Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на земјотресот што однесе над илјада животи

Од:

Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот Фејсбук профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани,…

Posted by Stevo Pendarovski on Сабота, 25 јули 2020

-Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над илјада наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови, напиша Пендаровски.

Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет.

-Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша на ФБ претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан