Пендаровски: Реално е минималната плата да биде 16000 денари

Од:

Изминативе денови се случува една интересна ситуација луѓево од власта, луѓево од ВМРО ДПМНЕ, од кога ја проучија добро програмата на СДСМ најдоа многу интересни идеи почнаа да ги копираат. 10 години на власт им беа малку за да спроведат идеи и решенија кој што им помагаат на граѓаните, и завчера прво што направија, наместо од својата програма која не ја применуваат, едно кажуваат, друго работат, тие ја украдоа мерката за минимална плата. И сега замислете нудат 14.000 денари минимална плата од како СДСМ пред два дена ја објави својата програма со 16.000 денари, минимална плата.

Прашањето кое е логично да се постави е, зашто им требаа 10 години да ја држат минималната плата на 9.500 денари, и тоа кој ја примаше, кој не ја примаше, и сега кога видоа дека СДСМ нуди реална мерка, реална програма за минимална плата од 16.000 денари, и 30.000 денари за просечна плата до крајот на слениот мандат ја прекопираа и ја претставуваат како своја.

Почитувани граѓани немој да им верувате на овие луѓе, затоа што тие единствено што знаат е едно да кажуваат друго да прават, а при тоа само да ги полнат своите приватни џебови. СДСМ во својата програма има сет мерки и за помош на домашните претпријатија.

На годишно ниво 140 милиони евра ќе влезат директно во домашните претпријатија како помош, за да заживее македонската, домашната економија. Тоа нема да биде трик, тоа нема да бидат бројките, статистиките кои Груевски и неговите ни ги кажуваат со години, кои наводно влегуваат во македонската економија, а никој тие пари не ги видел. Односно ги гледаат само тие, самите на своите сметки во Белизе и во другите даночни раеви. За нас секој човек во оваа земја е важен и во склад со тоа ќе се однесуваме веднаш по победата на 11-ти декември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски