Пендаровски: Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по визијата за успешна Македонија

Од:

Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, порача денеска преку Фејсбук статус претседателот Стево Пендаровски денеска кога се одбележуваат 16 години од трагичната смрт на Борис Трајковски.

-Денеска одбележуваме 16 години од смртта на прерано и трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот Кабинет и мои некогашни колеги. Претседателот Трајковски секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина, напиша Пендаровски.

-Денеска им оддаваме чест на Претседателот Трајковски и членовите на Кабинетот со полагање цвеќе кај Ротимље и на местата на нивните вечни почивалишта. Слава им, секогаш ќе живеат во нашите спомени, додаде претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Јанков: Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма