Пендаровски: Опозицијата и СДСМ треба да ја добијат најтешката битка во независна Македонија

Од:

Од овој аспект гледано, логично е средбата меѓу Зоран Заев и Бранко Црвенковски на подолг рок да ги архивира барем дебатите за тоа кој е виновен за изборниот пораз, затоа што, прво, имавме ситуација во која воопшто не ја видовме вистинската волја на стотици илјади граѓани кои реално немаа право на избор и второ, трета силна политичка партија во македонскиот блок нема да се појави во следните неколку години, независно од јасната политичка, финансиска и медиумска поддршка на власта. Тоа значи дека останува сегашната здружена опозиција на чело со СДСМ да ја добие веројатно најтешката битка со која кога било се имаме соочено во независна Македонија, а тоа е одвојување на партијата од државата и враќањето на слободата, рече Стево Пендаровски во интервју за Утрински весник.

Запрашан каков е вашиот ангажман во СДСМ сега, учестувате ли активно за изнаоѓање решение од ситуацијата која настана по изборниот циклус, Пендаровски вели:

– Да, во разговор со раководството на СДСМ го понудив моето видување и предлози за идното делување на здружената опозиција кои се практично на иста линија со многу иницијативи кои ги видов во изготвената Нацрт-политичка платформа. Еден ден по изборите изјавив дека останувам активно ангажиран на страната на опозицијата и тоа го правам во сиот изминат период. Најголем дел од тие активности се однесуваат на мојата директна комуникација со граѓаните и се разбира, не секогаш се гледаат на камера, нагласува професорот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски