Пендаровски: Мицкоски го поддржа ставот дека на земјата не и е потребно членство во ЕЕЗ

Од:

Во врска со прашањата за изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски за потенцијално членство во Европската економска зона, денеска од неговиот Кабинет информираат дека во октомври 2019 година кога отворањето преговори со ЕУ за нашата земја беше одложено заради усвојување на новата методологија, во Брисел, неофицијално циркулираше идејата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона, се разбира, откако ќе ги исполнат потребните услови за тоа.

– Ставот на претседателот Пендаровски и тогаш и сега беше дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа затоа што полноправното членство во ЕУ подразбира да сте дел и од заедничкиот европски пазар, стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Меѓутоа, со цел да се оформи заеднички државен став во однос на изнесените идеи во Брисел, се наведува во соопштението, председателот Пендаровски, на 20 октомври 2019 година свика средба на претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата кои имаат пратеници во Парламентот.

На средбата, се подвлекува, бил постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил поддржан ставот дека на Република Северна Македонија и ѐ потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција и е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности– владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права.

Во таа насока, се вели во соопштението, сите присутни заклучиле дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски