Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Од:

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.

И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка, соопштуваат од медиа центарот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Патот на Македонија кон ЕУ зависи од почитувањето на Преспанскиот договор потсето грчкиот шеф на диполоматијата

Честитка до Силјановска Давкова од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата