ПЕН центарот го осуди нападот на новинарската екипа на весникот Шарли Ебдо

Од:

Македонскиот ПЕН центар ,како дел од Меѓународниот ПЕН, го осуди нападот врз новинарската екипа на весникот Шарли Ебдо во Париз и изрази згрозување од овој чин.

– Изразуваме и уверување дека овој настан претставува само мотив повеќе за сплотеност и истрајност во основните принципи на ПЕН. Во овој миг, како никогаш порано треба да покажеме дека ваквите насилнички акти нема да не поколебаат во меѓусебната поддршка за развојот на демократските принципи во светот, се вели во денешното соопштение на Македонскиот ПЕН центар.

Оттаму апелираат конфликтите и недоразбирањата во светот особено, како што велат, тие во кои се инволвираат писатели и новинари да се решаваат преку дијалог како што прилега на демократските достоинства на нашата цивилизација, а не со оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Состојбата со медиумите покажа зошто никој од Владата не беше „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Земјите од регинот иницираат „Ден на тишината“ по повод маскарот во францускиот магазин

Ана Ололовска

Марш на солидарност на ССНМ со француските колеги

Ана Ололовска

Македонија дел од маршот за жртвите во „Шарли Ебдо“

Ана Ололовска

Сочувство од Жерновски до француската амбасадорка, Оер

Ана Ололовска

Селмани: Нападот врз „Шарли Хебдо“ кукавички злочин против слободата и мирот

Емир Латифовиќ