Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ каде го обвинуваше Владимир Талески за штета врз буџетот од 70 илјади евра

Од:

Обвинителот Трајче Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ против ексградоначалникот на Битола Владимир Талески, екссекретарот на општината Слободан Бончановски, тројца поранешни директори на училишта и други пет лица. Неофицијално, причината за повлекување на обвинението е тоа што станува збор за пресудена работа.

Според информации на „А1он“, обвинението за „Транспортер 2“ е поднесено во време кога имало првостепена пресуда за „Транспортер“, но истата не била потврдена. Апелација на крајот од декември ја потврди пресудата. На првото наредно рочиште, Пеливанов го повлече обвинението.

Обвинението за „Транспортер 2“ се однесуваше на злоупотрби направени при избор на најповолен превозник за ученици, односно тендерската постапка. Обвинението е поднесено против 10 лица, како и против ексградоначалникот Талевски. Предметот се отвори во СЈО во 2017 година, како продолжение на „Транспортер“. Меѓу обвинетите имаше и директори на основни училишта.

Обвинителот Пеливанов со поднесување на обвинението тврдеше дека со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари.​

Би можело да ве интересира

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов

Талески им овозможил на фирми да вршат превоз на патници без да плаќаат надомест

Ана Ололовска

ВИДЕО: Талески осомничен и во „Транспортер 2“

Ана Ололовска

СВР Битола поднесе посебен извештај до Обвинителството за случајот „Транспортер 2“

Ана Ололовска

НСДП Битола: Постои опасност градоначалникот Талески да го повтори делото и да влијае врз сведоците

А1он

Јавна седница во Апелација за притворот на Талески

А1он