Пекевски: Шпекулација се информациите за нови труења на кучиња во Берово

Од:

Општина Берово апелира до граѓаните да престанат да шират дезинформации во врска со наводни нови труења на кучиња во Берово.

Градоначалникот Звонко Пекевски денеска истакна дека проблемот со кучињата скитници кој во Берово не е решаван со години не може да се реши преку ноќ, но информациите дека има нови труење се шпекулација.

– Според информациите кои ги добив од ЈПКР „Услуга“ Берово, денеска нема нови труења на кучиња во Берово. Мора да реагирам на дезинформациите кои му штетат и на градот и на граѓаните. Јас апелирам до сите граѓани да помогнат во откривањето на овие негативни појави кои не одат во прилог на никој. Денеска има повторно заловување на кучиња скитници од економскиот оператор, кој согласно со важечките закони за хуман третман на кучињата се обврзани хумано д а постапуваат. Денеска се заловени десетина кучиња скитници, рече Пекевски.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он