Пејовска Дојчиновска: Пораката од Заев ја разбираме како поттик

Од:

Пораката од премиерот Зоран Заев ние ја разбираме повеќе како поттик и иницијатива. Премиерот знае дека не е целата моќ кај нас, затоа ги повика и сите други институции што можат да го направат тоа. Комплексна е целата постапка за следење на имотната состојба.

Вака одговори Софка Пејовска Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, на новинарско прашање како гледа на повикот вчера од премиерот Зоран Заев за прочистување во судството, со оглед на тоа што ДКСК поднесува извештаи до Собранието.

– Ако веќе веќе ја прошируваме приказната околу популарниот ветинг, не е само имотната состојбата што треба да се следи кај луѓето од правосудството. Многу други прашања се тука поврзани. Остануваме на линијата на фронтот, веќе ги добивме новите простории, опремата ќе почне да се инсталира, го имаме системот на интероперабилност и брзо ќе влеземе во постапка што ќе ги отвори вратите за побрзо и побројно испитување на имотната состојба не само на луѓето од правосудството, туку за сите избрани и именувани (лица) во државата. Тоа не треба сегментарно да се гледа, изјави Пејовска Дојчиновска на денешниот форум „Дали и како се пријавува корупцијата во институциите? Кои се механизмите на институциите, дали има линии за пријавување, дали тие функционираат, ефекти и резултати?“

Таа потенцира дека ДКСК има надлежност да ја испитува имотната состојба, но во моментот нема капацитети.

– Тоа е ноторно и за жал е така. Ние немаме не само човечки русерси, туку немаме ни технички услови, бидејќи опремата што ја имаме добиено од ЕУ се уште не е инсталирана, бидејќи не сме префрлени во новите простории. Таа опрема е токму во таа функција, преку таа опрема и интероперабилноста сме поврзани со 17 инсистуции за да ги црпиме податоците и да ја спроведуваме постапката, рече таа и повтори дека со новиот Закон, покрај класичното следење на имотната состојба, ДКСК право и да ја испитува.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

Левица: Каков имот кријат функционерите на ДПМНЕ и зошто ДКСК не реагира

Предраг Петровиќ

Левица: Антикорупционерот Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – го олицетвори трулиот систем

Кривичен одлучи: Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК осомничена во предметот „Адитив“

Oбвинителството бара мерки за претседателката на ДКСК во рамки на предметот „Адитив“