Пејковски го демантира ДОМ: Починати се четири лица, институциите да ги испитаат случаите

Од:

Директорот на КПУ Идризово, Живко Пејковски за А1он го демантира соопштението на ДОМ. Тој вели дека во 2017 година се починати четири лица и ги повика надлежните институции да ги испитаат случаите.

– Во врска со соопштението од ДОМ, најостро демантирам дека изнесеното има и најмала врска со вистината. Во 2017 година се починати четири лица и ги повикувам сите надлежни институции – Управата за санкции, Министерството за правда, Народниот правобранител, Јавниот обвинител да дојдат во Идризово и да ги испитаат сите случаи. Доколку постои и најмал сомнеж за моето работење, нема да чекам ДОМ да ме прозива, туку сам ќе си поднесам оставка, вели Пејковски за А1он.

Тој побара ДОМ да се информираат лично од него за ситуациите кои ги елаборираат и нагласи дека неговиот телефонски број е јавен.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена