Пехчево подготвено за првата велосипедска тура „Пехчево на точак“

Од:

Пехчево подготвено за првата велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“ која е во организација на Општината и хотел „Гогов“. Патеката е долга 30 км, а вело-туратаќе се одржи на 19 мај.

– Скоро сѐ е подготвено за големата велосипедската тура „Пехчево на точак 2018-та. Оваа исцрпувачка и авантуристичка тура за велосипедисти која се вози по падините на Малешевските планини, од пехчевска страна е исклучително тешка и не се препорачува за почетници. На 19 ти мај почнува од 9 часот, стартот е од плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Во турата може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен. Искуство мора да има. Важно е да се подготвени и физички и психички, да има соодветна опрема, кацига, подготвен велосипед, истакна Душко Стефановски од Хотел Гогов.

Тој додаде дека секој учесник во турата, вози на сопствена одговорност, според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици.

– За секој од учесниците пред поаѓање ќе има „ланч пакет” (за во ранец) со сендвич, вода, овошје и магнезиум. Освежување ќе има и на пункт на втората половина од патеката со вода и сокови, ќе има и медицинска помош и возила кои ќе ги следат учесниците. На целта во центарот на Пехчево во кафе бар „Ким “ ќе има забава со музика во живо и коктел за сите учесници на настанот, додава Стефановски.

Од општина Пехчево апелираат учесниците да го почитувате кодексот на однесување во планина, односно да не се фрла ѓубре и да не се пали оган.

-Целта на велосипедската тура е да се разбуди авантуристичкиот дух на велосипедистите, да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги доживееме убавините на пехчевската природа, да создадеме една традиција која секоја година ќе биде помасовно посетена од претходната, истакна Живко Каликов, вработен во општина Пехчево.

Пријавувањето на учесниците е најдоцна до 14 мај кај организаторите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово