Педесет илегални мигранти откриени во товарен воз во Гевгелија

Од:

Полицијата од ГП „Богородица“ во соработка со цариниците и работници од МЖ, вчера во 10:15 часот на железничката станица во Гевгелија во товарен воз кој сообраќал на релација од Солун за Косово откри 50 странски државјани од Авганистан, Сирија и Пакистан, соопшти МВР.

Лицата се обидувале нелегално да ја преминат  границата од Грција во Македонија.

По преземени мерки  мигрантите се предадени на граничниот премин Идомени, Грција, а исто така предадени се и три лица – државјани на Сирија, кои  се откриени  од страна на полицајците во Валандово, кои исто така се обиделе нелегално да ја преминат границата во Македонија.

Пред неколку дена повеќе од 100 илегални мигранти од Сирија и Ирак, беа откриени на железничка станица Велес во вагоните од товарен воз кој превезувал јаглен од Солун.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка