Педесет и пет умрени доенчиња за три месеци во 2016

Од:

Во второто тримесечје од 2016 година во Македонија се евидентирани 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалу од истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалување од 1,6 отсто е забележано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Во вториот квартал од годинава биле склучени 3.194 бракови, што е за 14,6 отсто помалку од лани. Во овој квартал се регистрирани и 279 разведени бракови.

Би можело да ве интересира

14.000 бебиња би можеле да умрат ако помошта не стигне во Газа во рок од 48 часа

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Во Кочани се родиле 30 бебиња повеќе во споредба со изминатите години

А1он