Печалбарите продолжуваат да донираат во кичевската болница

Од:

Голем број печалбари од Кичево што живеат и работат во САД имаат поведено заедничка иницијатива да ѝ помогнат на кичевската болница. Во последниот случај, тие финансиски ѝ помогнаа на мртовечницата на овој здравствен центар, финансирајќи фрижидер за мртвите тела на пациентите.

Пред ова болницата имаше голем недостаток на соодветен простор за оставање на мртвите тела и случаите од природна смрт многу често останувале со часови во ходниците на болницата.

Доктор Џабир Бајрами изјави дека досега мртовечницата на болницата била скромен објект само со една маса. „Сега ќе може мртвите тела на пациентите да ги задржиме овде додека блиските бидат во можност да се подготват за церемонијата на погребот“, рече Бајрами.

Со донацијата помогнаа Рушит Ајроја, Ѓевдет Беќири, Енвер Лимани, Фатмир Салиу и Меџаит Ајроја, а Незир Алими даде средства за да се изгради кујна за детската единица во болницата во Кичево.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски