Печалбарите ќе го најдат Кичево реконстриурано

Од:

Работата на реконструкцијата на плоштадот во Кичево во последно време се одвива со побрз интензитет и втората фаза е при крај. Се очекува работите во овој сегмент да завршат во текот на овие денови, по што останува третиот дел од проектот, кој го опфаќа патот до излезот за Осломеј.

Од Општина Кичево ни сопштија дека е превидено сè да заврши многу брзо. „Крајниот рок за завршување на работите и целосната реконструкција на плоштадот и патиштата што се предвидени во проектот е 10 јули. Дотогаш сè треба да биде готово и патиштата да бидат слободни за движење на граѓаните и на автомобилите“, вели секретарот на општина Кичево, Рамиз Реџепи.

Еден дел од главната улица веќе со месеци е блокирана за движење на автомобилите и, имајќи го предвид големиот број печалбарите што налето се враќаат во градот, ова ќе можеше да предизвика голем неред во сообраќајот и во слободното движење на граѓаните по градските патишта.
Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски