Пецаков и Јорданов прогласија победи во Охрид и во Штип

Од:

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на денешните локални избори во неколку општини веќе прогласија победа уште по првиот изборен круг.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, објави дека ја обезбедил победата и вториот мандат.
„Историска победа! Ви благодарам Охриде! Уште појако од утре одиме!“, напиша Пецаков на својот профил на „Фејсбук“.

Победа објави и актуелниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, кој повторно настапуваше како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град… Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале! Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“, напиша Јорданов.

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, победа во првиот круг забележал и градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој освоил 6.337 гласови, наспроти 1.309 на кандидатот на СДСМ.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за дигитални трансформации, Стефан Андоновски, во гостување во отворено студио изјави дека партијата победува во општините Радовиш, Свети Николе, Сопиште и Ресен, а убедливо води и во Струмица, Охрид, Берово, Делчево, Прилеп, Штип и Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини