Павлина Црвенковска е нов претседател на Судски совет: Ќе придонесам да зајакне тимскиот дух

Од:

Павлина Црвенковска едногласно е изгласана за претседател на Судскиот совет. Сите членови кои беа физички и онлајн присутни, гласаа за неа. Таа доаѓа на функцијата откако на Киро Здравев му истече мандатот. Црвенковска се заблагодари за довербата и кажа дека со нејзиниот професионален интегритет ќе ја извршува функцијата.

„Претседателот на Судскиот совет го претставува советот, раководи со седниците, ги потпишува сите одлуки и решенија кои се донесени, а воедно е и претседател на судско-буџетскиот совет. Функцијата која ми е дадена ја сфаќам како прва меѓу еднаквите. Ние сме колективно тело, ги носиме одлуките со мнозинство гласови. Јас ќе придонесам што веќе да се зајакне тимскиот дух. Се надевам дека степенот на доверба кај граѓаните во судството ќе биде покачен за барем едно ниво“, рече Црвенковска.

Седницата за избор на претседател ја водеше заменик претседателот на Судскиот совет, Милазим Мустафа. На седницата не присуствуваше експретседателот Киро Здравев, министерот за правда Бојан Маричиќ, како и дел од членовите.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ