Паушално обвинение без ниеден цврст доказ, да се исправи неправдата, побара во завршен збор петообвинетиот за „Ласкарци“

Од:

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска завршни зборови во случајот „Ласкарци“ даде и одбраната на петообвинетиот Јане Бовровски кој е еден од обвинетите за сообраќајната несреќа во која животот го загубија 16 лица а над 30 беа повредени.

Според адвокатката Иванка Јакимовска, бранителка на петтообвинетиот Јане Боварски, во доказната постапка не се утврдил ниту мотивот ниту намерата, а најмалку пак, како што рече, умислата на делата што му се ставаат на товар на обвинетиот Боваровски.

– Не постои ниту доказ кој што го потврдува сето тоа во однос на обвинетиот Јане Боваровски. Настанот не се случил по вина на овој обвинет, рече таа.

Јакимовска образложи дека Боваровски не може да биде одговорен за делото што му се става на товар имајќи предвид дека не бил присутен на годишниот технички преглед и побара ослободителна пресуда.

Завршен збор даде и обвинетиот Јане Боваровски кој изјави дека од негова страна, како што рече, „не е потпишан записник од моја страна и не му е издадена дозвола на возилото“.

– Обвинението за мене е напишано без ниеден цврст доказ, со натурани ноторни работи ставени на терет без да се докажат, рече тој.

Дополни дека треба, како што рече „да се исправи неправдата која што ми е нанесена од јавното обвинителство, која што е паушална“.

Претходно денеска, одбраната на четвртообвинетиот Горан Дуковски, исто така, даде завршни зборови во кои, адвокатот Сашо Дуковски побара пресуда, со која што четвртообвинетиот ќе се ослободи од обвинение.

Завршен збор денеска дава и одбраната на шестообвинетиот Маноил Трифуновски.

На минатите рочишта, завршни зборови даваше одбраната на првообвинетиот Дурмиш Белули, второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, кои, исто така, побараа ослободителна пресуда тврдејќи дека не се докажани делата што им се ставаат на товар.

Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски во своите завршни зборови побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.
Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.
Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.
Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески