Пауни, срни, мајмуни во рајската градина во Аеродром

Од:

Уникатен парк, на кој и големите метрополи ќе и позавидат на Македонија, ќе се гради во скопската општина Аеродром. Паркот со кој Скопје ќе понуди нова туристичка атракција ќе биде на површина од над 15 хектари, објави порталот „Курир“.

Оваа рајска градина, според порталот, ќе биде меѓу петте најубави во светот и ќе има премногу содржини за посетителите од сите генерации. Во неа, како што ексклузивно дознава провладиниот портал, слободно ќе шетаат животни од најубавите видови како срни, елени, мајмуни, фазани и пауни.

На отворената владина седница, претседателот на македонската влада, Никола Груевски, ја најави изградбата на овој парк.

„Со реализацијата на оваа најава Скопје ќе им понуди на туристите уште побогата понуда, како дел од неговата масовна модернизација од изминативе години“, коментира „Курир“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски