Патувачкиот автобус на ЕУ ќе посети осум града по повод Денот на Европа 2019

Од:

Како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019.

Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да се воспостави директна комуникација со граѓаните и да се дискутира за нивните надежи и грижи во врска со Европската Унија и европската иднина на Северна Македонија.

Граѓаните ќе имаат можност да постават прашања поврзани со Европската Унија, процесот на пристапување во ЕУ, можностите за финансирање преку ИПА и други програми за помош на ЕУ, преку директна комуникација со екипата на ЕУ патувачкиот автобус.

Посетите вклучуваат дебати со ученици од средните училишта за „Визијата на младите за Европската Унија“, велосипедски родео активности за најмалите, како и други активности, соопшти Делегацијата на Европска Унија во Скопје.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ