Патроли за подобрување на асоцијалното однесување во беровските училишта

Од:

Формирање училишни патроли со цел скенирање на реалната состојба во врска со асоцијалното однесување на учениците е главниот заклучок од синоќешниот состанок кој се одржа со претставници на воспитно-образовните установи во Берово. На состанокот покрај претставници на ПС од ОН Берово учествуваа претставници од Општина Берово, гимназијата „Ацо Русковски“, деветолеткатата „Дедо Иљо Малешевски“ и подрачното училиште „Никола Петров Русински“.

– Целта на состанокот е да се утврдат мерки за дејствување на асоцијалното однесување на учениците кое во последно време зазема голем замав. По одржаниот состанок можеме да констатираме дека е донесен заклучок да се започне со преземање на мерки преку акциски контроли, од кои како прво е предвидено формирање училишна патрола која ќе излезе на терен за скенирање на реалната состојба, информираа од Општина Берово.

Директорите на трите воспитно-образовни установи информираа дека во училиштата е предвидено одржување на едукативни предавања, како и запознавање на учениците со целта на спроведување на акциите.

Во однос на мерките надвор од училиштата после преземените превентивни мерки за подобрување со состојбата со однесување на учениците на улица и во угостителските објекти кои тие ги посетуваат за време на викенд, инспекциски екипи ќе вршат надзор и ќе бидат преземени одредени казнени мерки.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово