Патот Тетово-Јажинце пуштен за сообраќај

Од:

По 18 часот и 30 минути, прооден е за сообраќај регионалниот патен правец Тетово-Јажинце, кој ноќеска беше затрупан од наноси од земја и камења поради излевање на река Габровница кај Доброште, соопшти СВР Тетово.

Од тетовската полиција велат дека се обезбедени услови за одвивање на сообраќај и наизменично пропуштање на возила само во една насока. Воедно продолжува со работа механизација на надлежните институции за целисно расчистување на наносите од коловозната лента.

Екипи на Македонија пат и на Центарот за управување со кризи работат на патот и на коритото на реката. Сообраќајот на патот беше во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.

Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот соообраќај во Тетово и понатаму се на теренот за регулирање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози