Патот Попова Шапка-Тетово прооден за сите возила

Од:

Престанува воведената забрана за тешки моторни возила и автобуси на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, која беше воведена на 16 јануари 2016 година во 9 часот, информираат од АМСМ.

Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Св.Николе – Куманово, наместа има појава од снег на коловозот.

Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на истите.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат, се наведува во соопштението на АМСМ.

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на гр. премин Блаце.

Од АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска