Патот Крушево – Битола затворен поради голомразица

Од:

Регионалниот пат Крушево – Битола од изутрината во 06:15 часот е затворен за сообраќај поради голомразица.

Забрана за движење важи за сите видови возила, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ.

Од 07:20 часот, пак, е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар

Сообраќајот на сите патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола, Прилеп, Струга, Ресен,Железнец и Велес.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози