Патничкиот превоз во Гевгелија – непозната сфера за општинските власти

Од:

Општина Гевгелија, иако е инвеститор на новата автобуска станица, со намера да обезбеди организиран јавен превоз на патниците од Гевгелија до населените места од регионот и во државата, деновиве е неподготвена да одговори на прашањето: како се одвива патничкиот превоз на граѓаните од општината.

Стартувањето со работа на новата автобуска станица доцни веќе четири месеци, по најавите на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, дека ќе биде готова во февруари годинава.

Недостатокот на техничка опрема и мебел за билетарницата го одложи и заокружувањето на завршните работи, кои градоначалникот вети дека ќе завршат до крајот на мај годинава.

Заради ваквите пропусти деновиве советникот од редовите на Социјалистичка партија Ристо Камов, на седница на Советот на општина Гевгелија, резервирана за советнички прашања го упати следното прашање: „Во врска со автобуската станица, која е во завршна фаза: Дали се завршени сите активности и кога можеме да очекуваме нејзино функционирање?“

Градоначалникот одговори дека „изведбените работи за автобуската станица се при крај, треба да се обезбеди мебелот и за 15 дена ќе се пушти во употреба“.

Советничкото прашање беше поставено на третата редовна седница на Советот на општината одржана на 16 мај, што значи дека според одговорот автобуската требало да профункционира најдоцна до 1 јуни. Изминува 25-от ден од јуни, а новата автобуска зграда е иста како пред два месеци: со асфалтирани, а празни перони, без патници и без автобуси.

Камов побара стручните служби на Општината да подготват информација во која ќе се види квалитетот на јавниот превоз во општината, кој опфаќа и такси-превоз, и автобуски превоз, и локален општински превоз од страна на фирми што ги одржуваат линиите до населените места, како и информација за поврзаноста на меѓуопштинскиот со меѓурегионалниот јавен превоз на патот.

Наместо подготвен одговор од страна на локалната самоуправа, како претендент да ја преземе и функционалноста на јавниот општински превоз, со отстапувањето на правото на стопанисување на новиот објект на автобуската станица на Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, градоначалникот со одговор:

„Сметам дека автобуската станица, кога ќе проработи, веќе конечно ќе го знаеме и редот на автобускиот превоз. А, сега, кога официјално не функционира, нема од каде да добиеме податоци, т.е. информација за тоа кога доаѓаат и кога заминуваат автобусите, немаме ни реален преглед во моментот. Линиите се распределени за локален превоз, но, сепак, јасна слика ќе имаме кога ќе проработи новата автобуска станица во Гевгелија“.

Значи, состојбата со јавниот автобуски превоз во Гевгелија е во фаза на ентропија: секој си тера и вози како знае и како си научил од поодамна. Патниците се информираат за тргнувањето на линиите од „рекла-кажала“, од навика по старите термини, иако деновиве ги изненади укинувањето на неколку возни линии на „Млаз“ до Скопје, до Струмица и до Битола. Изненадување претставуваат и боите на превозниците: никогаш не знаат каков автобус ќе ги собере патниците: дали портокаловото возило на „Млаз“, дали зелените автобуси на „Дори“, дали белите автобуси на „Трансбалкан“.

Додека возат „мајсторите“ и ги пренесуваат до саканите дестинации, тие не преречуваат ништо повеќе, за да не им се случи поголема клетва – да пропаднат и овие неколку линии на Гевгелија со населените места и главниот град на државата, додека траат силните ангажмани на општинските власти да обезбедат квалитетен општински јавен превоз.

Некои, сепак, негодуваат и велат: „Уште малку ако се потрудат, ќе не направат отсечена зона од сопствената држава“.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија