Патиштата влажни, се препорачува внимателно возење

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат кај Страцин, Крива Паланка, Делчево,Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Македонски Брод, Плетвар, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево, Струмица, Велес, Кула  и Смојмирово, но не претставуваат проблем за нормално одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон село Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

На регионалениот пат Р2232 на Глобица во непосредна близина на село Ратавци – Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се и патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на р. Вардар.

АМСМ потсетува и дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска