Патиштата проодни, забрани за камиони на неколку правци

Од:

Сообраќајот на магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови. Активни забрани за сообраќај на тешки товарни возила моментно има на  крак Маврово-Дебар, планинскиот превој Стража, Дебар-Струга, Тетово-Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси и патниот правец Кичево-Македонски Брод-Прилеп, соопшти утринава Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Коловозите се претежно влажни, наместа со остатоци од снег. Поради многу ниски температури во утринските часови можна е појава на голомразица. Се препорачува  внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на  ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролираат, опесочуваат и  расчистуваат сите патни правци, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози