Со пат ќе се поврзат росоманските села Мрзен Ораовец и Камен Дол

Од:

Општина Росоман ќе ја подобрува патната инфаструктура со два проекта одобрени преку Бирото за регионален развој.

– Со реализација на првиот проект ќе се подобри патната мрежа и квалитетот на животот, преку изградба на пат од село Мрзен Ораовец до село Камен Дол, инвестиција во износ од два милиона денари, соопшти денеска општинската служба за информирање.

Вториот проект опфаќа подобрување на патната инфраструктура преку подготовка на техничка документација за изградба на улици во општина Росоман, во должина од 2.500 метри, во износ од 495.600 денари.

Во наредниот период општина Росоман ќе пристапи кон тендерски процес, по што ќе следи и реализација на проектите.

Би можело да ве интересира

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Убиство во Росоман, син си ја закла мајка си

Горан Наумовски

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Горан Наумовски

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ