А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Партијата на Македонците во Србија бара извинување од министерот Вулин

by А1он20/02/2019 - 14:22122
Share0

Партијата на Македонците во Србија бара од српскиот министер за одбрана Александар Вулин да се извини за изјавата дека Скопје станува шпионски центар, затоа што е неаргументирана и им штети на добрите односи на народите од двете земји. Претседателот на партијата Горан Илиевски за МИА изјави дека се зачудени од, како што рече, оваа тешка изјава која македонскиот народ со ништо не ја испровоцирал.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Една целосно конфузна изјава. Без какви било докази Македонија се наведува како центар за уривање на Вучиќ и на активности против Србија. Никакви активности Македонија немала, ниту ќе има против Србија. Овие изјави имаат огромна тежина. Македонија е неправедно нападната без факти и аргументи и тоа не е првпат од страна на официјални функционери на Србија. Вулин не настапува во свое лично име, туку од позиција на член на влада на Република Србија. Овие дезинформации во изминатите две-три години, откога настанаа промените, му штетат и на реномето на околу 200 000 Македонци во Србија зашто Македонија нема никакви намери да ги влоши односите со Србија, изјави Илиевски.

Бара и од претседателот на Србија Александар Вучиќ да се огради од изјавата. – Тој почна да се оградува од изјавата во меѓувреме, ја прокоментира во контекст дека ништо не е спорно со посетата на водачот на српската опозиција Драган Ѓилас и средбата со премиерот Заев. Но министерот Вулин таа изјава мора да ја повлече зашто таа ги нарушува односите, додаде Илиевски.

Изјавата на Вулин за „Вечерње новости“ беше реакција на средбата на Драган Ѓилас, лидер и еден од основачите на опозицискиот блок „Сојуз за Србија“ (СзС), со премиерот Зоран Заев во Скопје. Вулин изјави дека „Скопје стана она што порано беше Будимпешта, центар на разузнавачки работи против Србија, место каде се обезбедува финансирање и поддршка за цинкароши и сечикеси од целиот регион, за политичари кои веруваат дека единствениот пат за да дојдат на власт е преку соработка со странците.“

Следете a1on на Youtube YouTube

На вчерашната изјава на Вулин реагираше и Ѓилас, според кого јазикот на омраза на Вулин е скандалозен и спротивен на пријателството на двата народа.

-Изјавите, како што е оваа на министерот Вулин, за жал, се токму спротивното од она што треба да биде политиката кон Северна Македонија и македонскиот народ. Очигледно, поединците кои пред 25 години го употребуваа јазикот на омраза кон другите народи, никогаш не го забораваат овој јазик. Верувам дека овие скандалозни зборови на еден министер се ирелевантни во однос на пријателството на двата народа кои ниту еден неодговорен поединец, без разлика на каква функција е, не може да ги наруши, изјави Ѓилас за дописникот на МИА во Белград.

srbija

Би можело да ве интересира

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он11/05/2026 - 17:11

Хаос во репрезентацијата: Ватерполистите се изјаснија – 11 од нив повеќе не сакаат да играат за Србија

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:5807/05/2026 - 16:04

Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Србија, почувствуван и во Унгарија и Хрватска

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 09:09

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:09

Марта Кос: Ги прекинавме сите исплати од Планот за раст за Србија

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 11:21

И четврта жртва од сообраќајката на автопатот Рума – Шабац, почина 25 годишник

А1он27/04/2026 - 17:2027/04/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто