Партија од Куманово: Се врши притисок врз граѓаните

Од:

Една политичка партија од Куманово, соопшти дека се забележани неправилности во текот на денешниот изборен ден. Имено тие сметаат дека е нарушен изборниот законик, поради агитација, вршење притисок врз граѓаните, како и заплашување на електоратот.

Партијата има забелешки за изборните места 1047, 1064/1, 1067, 1068, но и за 1039 каде што се работи за бришење на маркерот и прекршување на правото за гласање за претседател.

Истата политичка партија смета дека во изборните места 1061, 1051 и 1058, се врши притисок пред и околу гласачките места од страна на МВР, односно, нивни извори забележале агитацација на изборните места 1091 и 1091/1.

Во изборното место 1026/1 е фатено лице како го слика гласачкото ливче, додека во с.Пчиња, од подвижен штаб во движење, се слуша музика со пропагандна содржина.

За сите нерегуларности ја известиле ОИК, како и претставниците на ОБСЕ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар