Партиите oчeкуваат продлабочување на односите со САД

Од:

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на СДСМ денеска го честитаа изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, по завршувањето на пребројувањето на гласовите и заедничкото следење во хотелот Александар Палас.

– По завршувањето на американските избори кој што беа и за претседател и за третина од Сенатот за целиот Конгрес и по завршување на изборите на 11 декември и по формирмирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пристапиме кон она што се нарекува одржување, развивање и продлабочување на односите меѓу двете држави и народи, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Радмила Шекеринска од СДСМ, ова беа едни од најинтересните и најнепредвидливите избори во САД.

– Како жена не можам да кажам дека не жалам што една од најмоќните држави во светот не ја доби првата жена претседател. Но, американските избори покажаа две важни работи, а тоа е дека дури и големата медиумска поддршка на одредени кандидати и одредена политичка партија не е доволна доколку граѓаните бараат промена. Јас сум убедена дека таа порака ќе ја испратат македонските граѓани и на 11 декември, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Иран одговори на планот од 15 точки на Трамп и ги објави своите услови за завршување на војната

Иран: Нема преговори со САД

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз