Партиите на преговори кај Бејли

Од:

Претставниците на политичките партии денеска во 14 часот во резиденцијата на САД во Скопје ќе ги продолжат преговорите за излез од политичката криза.
Според информациите од делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Аиво Орав е на консултации во Брисел, па на преговорите ќе присуствува еден од неговите заменици.
Преговорите се закочени поради ингеренциите на министерот за внатрешни во преодната влада, но и датумот на негово повлекување.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од инсистирањето министерот на МВР за време на преодната влада да може да прави кадровски промени и тој да си замине од фунцијата откако Државната изборна комисија ќе ги објави резултатите од изборите.СДСМ бара целосни ингеренции за министерот за внатрешни работи

Ако партиите постигнат договор до крајот на неделава можно да има избори најдоцна до почетокот на декември, а ако тоа не се случи, тогаш веројатно изборите ќе се одложат за напролет, најверојатно со локалните избори.
Партиите веќе постигнаа договор за избирачкиот список, за ад хок телото за контрола на медиумите и за главен и одговорен уредник на јавниот сервис.

Би можело да ве интересира

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

На СДСМ и ДУИ малку им е промената на Уставот, сега и преку Манифест ќе ги заштитуваат Бугарите

A1on

Маричиќ: Бугарија нема да извади нови барања ако го промениме Уставот до ноември

A1on