Парното греење не е намалено

Од:

Цената на парното се уште не е намалена, но настојуваме да ги оптимализираме условите за испорака на топлинска енергија и да обезбедиме поквалитетно греење за граѓаните, велат од „Балкан енерџи груп“ на реакцијата од скопјани дека добиле пониски сметки за парно, известува ПлусИнфо.

„Сметките кои деновиве ги добија граѓаните се направени врз основа на резултатите од пресметковните вредности кои се во согласност со температурите и според актуелниот Тарифен систем за продажба на топлинска енергија“ изјавува за ПлусИнфо, директорот за развој и инвестиции во „Балкан енерџи груп“, Филип Иванов.

Тој појаснува дека при наредното читање на мерните мести ќе се изврши порамнување на потрошувачката на топинска енергија, а сметките ќе бидат во согласност со реално потрошените количии топлина.

„За нас на прво место се граѓаните и затоа ќе настојуваме да го оптимализираме снабдувањеѕо со топлинска енергија во корист на граѓаните, но притоа ќе се следат интересите на компанијата“, вели Иванов.

Тој додава дека компанијата веќе испорачува топлина до 24 часот, но само во дел од Скопје каде што се создадени услови за тоа.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов