Парламентот се уште без договор за нова пленарна седница

Од:

И по завршување на редовната координација на претставници на пратеничките групи со претедателот на Собранието Талат Џафери, нема информација кога и дали оваа недела Парламентот ќе закаже нова пленарна седница или седница на некоја од комисиите. Се наведува дека утре би можело да се одржи продолжение на некоја од веќе започнатите седници, а извесно е дека на 22 февруари, во четврток, ќе се закаже седница за поставување пратенички прашања.

Според информациите од Кабинетот на Џафери, одлуката за пленарна седница, доколку се донесе, веднаш ќе биде ставена на собраниската веб-страница. Претставници на партиите на владејачкото мнозинство кои беа присутни на координацијата информираат дека за утре би можело да се одржат продолженија на некои од веќе започнатите седници, но оти сепак треба да се почека тоа да биде официјално закажано.

Би можело да ве интересира

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот