Парламентот и неделава нема да расправа за законот за јазиците

Од:

Од Собранието на Република Македонија нема информација кога и дали ќе расправа за 35.569 амандмани за Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик. Законот беше донесен на 11 јануари, но една недела подоцна претседателот стави вето и го врати во Парламентот со низа укажувања, кои беа причина за доставување на рекорден број амандмани од страна на опозицијата.

Од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери информираат дека амандманите се предведени и оти тие сега технички се средуваат и се групираат, но оти се уште не се знае кога ќе се расправа за нив. Аманданите се на дневен ред на 32. седница како осма точка, но таа беше прескокната со образложение дека не се создадени технички услови за да се расправа за нив. На оваа седница на дневен ред се и измените на законите со кои се намалуваат патните трошоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица, законот за минерални суровини, по скратена постапка, како и други финансиски планови, одлуки и извештаи.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги