Парламентарен семинар „Отворен парламент – Транспаретност на парламентарните активности“

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска и утре ќе се одржи семинар со пратеници од земјите – пристапнички и од Европскиот парламент насловен „Отворен парламент – Транспаретност на парламентарните активности“.

Семинарот ќе го отворат потпретседателот на Собранието Светлана Јакимовска, и потпретседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан.

Европратеникот Едуард Кукан, претседавач на Делегацијата со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе ја модерира сесијата посветена на парламентот како сервис на граѓаните: општи принципи и практики кои се применуваат во ЕУ, додека студија на случај за практиките и искуствата на националните парламенти ќе изнесе Линда Кубасиак Јохансен,  виш експерт од Парламентот на Кралството Данска.

Тања Фајон, европратеник и член на Комитетот за цивилни слободи, правда и внатрешни работи на ЕП ќе зборува за Деловникот и Кодекс на однесување на Европскиот парламент, додека за кодексот на однесување и механизми на почитување ќе образложи Хорди Ксукла, шпански европратеник, член на Комисијата за Деловник, имунитет и институционални прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

За тоа како ЕП и европратениците работата со интересните групи ќе зборува пратеникот Кнут Флекенштајн, кој е член на Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Утре потпретседателот на ЕП Сурјан пратениците ќе зборуваат за поврзаноста меѓу парламентарците и граѓаните, а темите за кои во текот на денот ќе се дебатираат се поврзани со ИТ како клучна алка за парламентите и клуч за граѓаните за што ќе зборува Рејнер Виланд, потпретседател на ЕП, а Дубравка Грчиќ од Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) – членка на Глобалната мрежа на парламентарни мониторинг организации ќе го презентира извештајот за тоа колку парламентите од Западен Балкан и Турција се отворени кон нивните граѓани.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он