Паркот на поезијата во Струга ќе добие нов лик

Од:

Со средства од Владата на Република Македонија ќе се реконструира Паркот на поезијата во Струга.

Како што информира директорката на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Слободанка Попоска, ќе се уредуваат фонтаните во паркот, ќе бидат поставени нови клупи, а ќе се редизајнираат и спомен-плочите кои на поетите-лауреати на Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

– Паркот ќе добие нов и современ лик. Ние како корисници на овој простор, решивме да ги реновираме фонтаните околу кои ќе има место за одмор и простор каде што ќе можат да играат најмладите сограѓани. Ќе се поставуваат нови клупи за одмор, а ќе се редизајнираат и спомен-плочите на лауреатите на СВП на чие идејно решение веќе работи архитект. Исто така планираме да го обновиме објектот каде што е сместен резервоарот за нафта на библиотеката каде што ќе се изградат две полукружни платформи на отворено за да можат да се одржуваат разни културни настани, појаснува Попоска.

Според неа, ова е прва фаза од проектот за реконструкција на Паркот на поезијата.

– Доколку обезбедиме дополнителни средства, во иднина ќе ги уредиме и пешачките патеки во Паркот на поезијата, додава Попоска.

Предлог-одлуката за давање согласност за дизајн-интервенција на споменичните плочки на лауреатите на Струшките вечери на поезијата ќе се најде на дневен ред на наредната седница на Советот на Општина Струга закажана за 27.јуни.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“