Паркобраните од паркот кај Бристол ја поздравија вчерашната прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар и иницијативата за ребаланс на општинскиот буџет со пренамена на 9 милиони денари за ново зеленило во општината.
Паркобраните ги повикуваат советниците од мнозинството да го изгласаат ребалансот во договор со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат градежните работи на парковите околу Бристол да бидат прекинати и парите инвестирани во старо-новите паркови.
Синоќа во паркот кај Бристол паркобраните заеднички го проследија натпреварот меѓу Македонија и Литванија.